(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Советот да дискутира за злоупотребите од аудио доказите

Од:

„Советничката група на СДСМ и коалициските партнери бара од претседателот на Советот на Општина Прилеп веднаш да свика вонредна седница за грубата злоупотреба на политичка моќ и власт од страна на градоначалникот Марјан Ристески.

Вистината за Македонија целосно го разоткри упадот на Миле Јанакиески во Прилеп, којшто бил изведен во координација со Марјан Ристески.

Слушнавме што подразбирале под терминот „пиштење и вриштење“. Како со леснотија се делеле казни од по неколку илјади евра, се затворале приватни фирми, угостителски објекти и кафетерии во Прилеп, по список“, изјави Миле Талевски, член во Советот на Општина Прилеп.

„Слушнавме, дека народот на градот херој за Марјан Ристески бил „специјалка“ и дека е спремен со хилти насилно да руши и да ништи приватни бизниси и летни бавчи.

Ниту Миле, ниту Марјан, ниту од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не ја негираа содржината на аудио доказите, со што целосно се потврди автентичноста.

Доколку, претседателот на Советот, Никола Димески не го прифати нашето барање, прилепчани со право ќе го сметаат за соучесник во свирепиот упад во Прилеп на Миле Јанакиески и Марјан Ристески.

Советот на Општина Прилеп, не смее да биде заложник на ваков градоначалник. Недозволиво е градоначалникот да работи против интересите на своите граѓани.

По се што граѓаните на Прилеп слушнаа за директната инволвираност на градоначалникот во нарачките за удар врз фирмите во Прилеп, најмалку што може да направи Марјан Ристески, е да си поднесе оставка“, рече Миле Талевски, член во Советот на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски