Северна Кореја повторно и се заканува на САД

Од:

Пјонгјанг тврди дека територијата на САД е во домет на неговите ракети и порачува дека САД и Јужна Кореја планираат инвазија врз Северна Кореја.

Сеул во неделата соопшти дека е постигнат договор со Вашингтон со кој на Јужна Кореја и се дозволува да го зголеми дометот на своите ракети тројно, за подобро да се соочи со потенцијалната закана од севернокорејските проектили и нуклеарното оружје.

Пјонгјанг тој договор го нарече „продукт на уште една завера“ поради „поттикнување војна“ против Северна Кореја.

Иако реториката на Северна Кореја кон Сеул и Вашингтон е често остра, не е невообичаено за таа земја да истакнува дека нејзините проектили можат да ја погодат територијата на САД.

Од друга страна тоа би можело да значи дека Пјонгјанг работи на прилагодување на нуклеарните бомби, иако експертите тврдат дека Северна Кореја сеуште нема така напредна технологија.

Северна Кореја во април спроведе ракетна проба, која Вашингтон и Сеул ја нарекоа параван за проба на ракетите со долг домет.

Северна Кореја тврдеше дека целта за испалување на проектилот била лансирање на сателит.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија