Руски хакер ја пробил безбедноста на „Јутјуб“

Од:

Руски компјутерски експерт покажа начин за бришење на која било снимка од интернет-сервисот „Јутјуб“.

Демонстрацијата на Камил Хисматулин објавена на интернет, прикажува како во рок од 30 секунди се брише која било снимка откако ќе се ископира дел од нејзината интернет-адреса.

Хисматулин не ја злоупотребил хакерската интервенција, туку ја пријавил во „Гугл“, сопственикот на „Јутјуб“.

Компјутерскиот експерт на шега рекол дека бил во искушение да ги избрише музичките видеозаписи на пејачот Џастин Бибер.

Хисматулин изјави дека од „Гугл“ набргу одговориле на неговата порака и го наградиле со 5.000 долари.

Безбедносниот пропуст е поправен за неколку часа.Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски

Руски хакери нападнаа хрватски институции: „Одамна не сме ја посетиле Хрватска“

Предраг Петровиќ

КБЦ Загреб: Не нападнаа хакери, моравме се да исклучиме

Горан Наумовски

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски