Варуфакис: Договор со кредиторите на 24. април

Од:

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис сака на состанокот на министрите за финансии од еврозоната на 24. април да биде постигнат прелиминарен договор меѓу Атина и нејзините кредитори.

– На состанокот на еврогрупата на 24. април мора да има прелиминарен заклучок од преговорите, според договорот од 20. февруари, изјавил Варуфакис за грчкиот весник „Нафтемборики“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Грција минатата недела поднесе нов пакет реформи во надеж дека ќе се деблокира рата од финансиската помош за земјата, но се уште нема постигнато договор за предлозите со кредиторите ЕУ и ММФ.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит