Топ пет најпопуларни женски имиња во светот

Од:

На светско ниво е спроведено истражување за најпопуларните женски имиња во светот без разлика на културолошките разлики и обичаи. Во истражувањето биле вклучени земји од Европа, САД, Канада и Австралија. Следува листа со интернационални женски имиња, кои се на врвот на популарноста во сите земји во светот.

Миа

Едноставно и кусо име, кое ги освои родителите низ целата планета. Врвот на популарноста ја достигна во далечната 1964 година, а благодарение на актерката Миа Фароу уште тогаш се најде на листата топ илјада имиња во светот. Миа денес е 6-то име во САД, второ во Германија, прво во Англија, Австралија, Хрватска, Мексико, Австрија, Норвешка и Словенија.

Софиа

Станува збор за старо име кое на грчи јазик значи мудрост. Ова светско прифатено име е број еден во САД. Како и да се пишува Sophia, Sofia, Sofija или скратено Sophie ова име е број еден во Шкотска и Северна Ирска. На второ место е во Холандија, а на четврто во Италија и Данска.

Оливиа

Оливиа е име кое го „создал“ односно го популаризира Шекспир за романтичната драмска претстава „Дванесетта ноќ“. Ова име се поврзува со маслиновото гранче и претставува симбол на мир. Ова име во Англија, Велс и Шкотска се наоѓа на второ место, а дефинитивно е број еден на Хаваите.

Ема

Ова име е популаризирана од страна на холивудските актерки Ема Вотсон, Ема Стон, Ема Роџерс, но станува збор за многу старо германско име кое значи целосен.

Името е број еден во Белгија, Финска, Франција, Германија и Норвешка, додека на второ место е во Канада, а на трето во Ирска. Без азлика дали се пишува Emma, Emme или Ema ова име го сакаат многумина.

Изабела

Isabella, Isabela, Isabel или Izabela е име со најмногу прекари (Изи, Бела, Ела, Ели, Иса..). Неговата едноставност го прави популарно во целиот свет, а најпопуларно е во Англија, Канада, Бразил, Нов Зеланд, Данска, Шпанија, Австралија, Шведска и Ирска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска