Душан Стојиљковиќ од Србија е победник на 47. издание од меѓународната манифестација Илинденски кајак слалом – ИКАС.
Во тешки услови поради силниот дожд на реката треска на патеката Матка крај Скопје, Србинот стигна до првото место со време од 106,06 секунди по двете возења.
На втората позиција се пласира македонскиот кајакар Атанас Николовски, со заостанување од 2,65 секунди, а трет беше уште еден Македонец – Борче Мицевски.
Во женска конкуренција во К-1 триумфира Викторија Ус од Украина пред Смирнова од Казахстан и Петровиќ од Србија.
Најдобри во Ц-1 во машка конкуренција беa Богдан Букара од Србија, второто место го освои Kазахстанецот Јеренгиапов, а трет беше Јовановиќ од Србија.