Британска нуклеарна подморница е „серизоно оштетена“ по сударот што го имала, додека следела руски воени бродови, пишува лондонскиот „Меил он Сандеј“ повикувајќи се на воени извори.
Весникот тврди дека подморницата „Талент“ тешка 5,300 тони има серизони оштетувања, што според првичните проценки чинат половина милион фунти.
Нуклеарната подморница е ошетена во „судар“ во морските длабичини, но британското Минстерство за одбрана, како и Воената морнарица, одбиваат да соопштат детали за инцидентот.
Не е познато што го предизвикало сударот, ниту тоа каде и кога се случил инцидентот.
Откривањето за инцидентот со подморницата доаѓа во време на силно распалени тензии меѓу Велика Британија и Русија, во воздушниот простор, во морските длабочини, како и во политичките односи, што настанаа по избувнувањето на украинската криза.
За Министерството во Лондон откривањето на инцидентот во домашните медиуми се случува непосредно по покренувањето истрага за тоа, како во весниците се појавија деталите за квалитетот на военото присуство на Велика Британија на Фокландските Острови.
Британија и Аргентина се спорат околу суверенитетот на оваа британска прекуморска територија во Јужниот Атлантик, покрај чиј брег сега се откриени нафта и гас. Во британската јавност се почесто се зборува за заканата од „нова аргентинска агресија“ врз Фокландите, посебно кога Буенос Ајрес соопшти дека зема на лизинг руски воени бомбардери.
Во пролета во 1982 година, од април до јуни, Аргентина и Велика Британија водеа 70 дена војна за Островите кои се под британска контрола од 1833 година.