Меѓаши: Средношколската унија и Пленумот на средношколци да разговараат

Од:

Средношколската унија на Македонија и Средношколскиот пленум да разговораат како партнери и да изнајдат заедничко решение за излез од состојбата, се вели во одговорот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши на претставката што до нив ја достави Средношколската унија на Македонија во врска со протестите против одлуката за државната матура постигната со Министерството за образование и наука.

– Секогаш кога постојат две тн. спротивставени страни сметаме дека најважно е воспоставувањето комуникација, всушност тоа се први чекори кон можната посакувана промена…Сметаме дека е важно Средношколската унија на Македонија и Средношколскиот пленум да разговораат како партнери и да изнајдат заедничко решение за излез од состојбата која доколку не се реши навреме може и да ескалира со несакани последици, што никој всушност и не го посакува или пак да резултира со гаснење на надежта кај младите дека се можни промените, се вели во соопштението на оваа организација за заштита на правата на децата.

Воедно, се додава дека не помалку важно е да се спречи злоупотребата на овие случувања во политички цели, а особено не за партиски интереси. Се нагласува и правото на здружување на децата и нивната слобода на изразување како и гарантирање на сигурноста и безбедноста кога учествуваат во протести – права кои, велат, се гарантирани со Конвенцијата на правата на детето и други меѓународни документи чиј потписник е Македонија, особено за прашања кои се од нивен интерес.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците