Тренд на намалување на настраданите во сообраќајки, пешаците и младите возачи најзагрозени

Од:

Во Република Македонија постои тренд на намалување на бројот на загинати и повредени во сообраќајни несреќи.  Во 2014 година споредбено со 2013 бројот на загинати е намален за 74. Оваа година, според досегашните податоци го следи нивото и динамиката од претходната, односно досега, во изминатите три месеци 23 лица го загубиле животот во сообраќајки, соопшти денеска Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Од Републичкиот совет воедно изразуваат жалење за двете лица кои загинаа во сообараќајни несреќи изминатата недела, а кои велат, го потврдуваат фактот дека токму пешаците и младите возачи се најризични и најзагрозени улесници во сообраќајот на патиштата.

– Во Република Македопнија околу 25% од вкупниот број жртви во сообраќајни несреќи се пешаци. Во изминатата 2014 година од 124 лица загинати во сообраќајни несреќи 35 се пешаци. Оваа 2015 година, од 23 загинати лица седум се пешаци, велат од РСБСП.

Воедно, апелираат до пешаците, особено до повозрасните граѓани да внимаваат и да ги почитуваат сообраќајните правила при учеството во сообраќајот, движењето и преминувањето на улица.

Апелираат и до возачите, посебно до младите и помалку искусни возачи, да бидат внимателни во сообраќајот, бидејќи, велат, „брзото возење убива“.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата перманентно ја следи состојбата со безбедноста на сообраќајот на патиштата  и континуирано презема активности за унапредување на сообраќајна превенција и намалување на бројот на загинати и повредени во сообраќајни несреќи.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава