Институтот за судска медицина доби нова, современа Форензична ДНК лабораторија

Од:

Институтот за судска медицина на Медицинскиот факултет во Скопје доби нова и најсовремена Форензична ДНК лабораторија. Со новата технологија ќе бидат овозможени поквалитетни анализи од досегашните.

Денеска, премиерот Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров и министерот за образование и наука Панче Кралев, официјално ја промовираа новата, современа лабораторија која дозволува зголемување на научно-истражувачката работа.

Набавката на новата форензичка лабораторија чини 500 илјади евра. Таа е дел од проектот на Министерството за образование за набавка на нови лаборатории. Со оваа лабораторија, според Тодоров, значајно ќе се зголеми научниот кредибилитет на оваа установа.

Би можело да ве интересира

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“