Министрите за надворешни работи на Унгарија, Србија, Грција, Турција и Македонија на 7 април во Будимпешта ќе разгледаат перспективи за учество во проектот Турски поток.
– Главни теми на средбата ќе бидат снабдувањето со електична енергија и енегетска безбедност, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.
– Ќе бидат разменети мислења меѓу петте држави за тоа дали се подготвени да се реализира проектот за нов гасовод Турски поток, односно нова траса за снабдување на регионот со природен гас, додаде Дачиќ.
Турски поток е проект на Газпром за пренос на гас преку Црно Море до Турција и од таму до турско-грчката граница.
Во декември Русија соопшти дека се откажува од проектот Јужен поток поради „неконструктивна позиција на Европската унија“ и беше одлучено да се гради Турски поток.