ЦЕРН повторно го стартува големиот хадронски акцелератор на честички

Од:

Најголемиот акцелератор на честички во светот, Големиот хадронски сударач (ЛХЦ), по пауза од две години повторно е подготвен за експлоатација, доцна синоќа соопшти Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН).

Тимови од научници ги завршуваат последните тестови, откако на 31 март го решија проблемот што го одложуваше почетокот на работата на акцелераторот, пренесува Фена. Забрзувањето на првите снопови со честички може да почне веќе за време на претстојниот викенд, се наведува во соопштението.

-Уверени сме дека во текот на викендот ќе покажеме способност повторно да ја придвижиме машината, со оглед на фактот дека сите досегашни тестови беа успешни, изјави директорот за акцелератори и технологија во ЦЕРН, Фредерик Бордри.

Кога Големиот хадронски сударач и целиот синџир за забрзување честички ќе бидат во погон, оператерите ќе работат во контролната соба 24 часа дневно. Тие, штом ќе им се даде зелено светло, ќе се обидат во двата правда на ЛХЦ да насочат снопови честички со инјекциска енергија од 450 гигаелектронволти (ГЕВ).

Процесот на сударање на честичките при енергија од 13 тераелектронволти (ТЕВ) може да почне веќе во јуни, се наведува во соопштението на ЦЕРН.

Големиот хадронски сударач на честички се наоѓа во 27 километри долг подземен тунел во близина на Женева, на швајцарско-француската  граница.

Во текот на првиот тригодишен период на функционирање, акцелераторот беше користен за откривање на субатомски честички за чие постоење долго се теоретизираше, познати како Хигсов бозон, без кои честичките не би можеле да се држат заедно и без кои не би имало материја.

Работата на акцелераторот беше запрена во февруари 2013 година заради чистење и ремонт, пренесува Фена. 

Би можело да ве интересира

ЦЕРН и го укина статусот на набљудувач на Русија

А1он

ЦЕРН тргнува во потрага по темната материја

Ана Ололовска

Отворена постројка за истражување на канцер во ЦЕРН

Наум Локоски

Центар на ЦЕРН вреден милиони евра ќе се гради во Србија

Ана Ололовска

ЦЕРН го пушти во употреба најмоќиот забрзувач на честички во светот

Ана Ололовска

ЦЕРН покрена истрага поради филмот за принесување на човечки жртви

Емир Латифовиќ