Канадската полиција уапсила седум припадници на криминална група, под обвинение дека во ланец за проституција држеле повеќе од 500 жени. Ланецот функционирал во Халифакс, Монтреал, Отава, Торонто, Калгари, Едмонтон и Ванкувер, пренесе „Асошиејтед прес“.
Според наводите двајца од осомничените ќе одговараат и за криумчарење жени во Канада заради експлоатација во ланецот.
Уапсените се теретат за подведување малолетници, рекламирање на сексуални услуги и остварување материјална корист од тоа, а се најавува и можност за потешки обвиненија како разбојништво.
Полицијата соопштила дека криминалната група им помагала на жртвите да влезат во Канада, а потоа ги принудувала да работат во ужасни услови.
Е. Г.