Во Северна Кореја веќе подолго време постои традиција која продразбира лидерите во оваа држава да имаат на располагање жени, кои ќе ги задоволуваат сите нивни потреби.
Ким Џонг Ун, актуелниот лидер на Северна Кореја наредил создавање на нови „трупи за задоволство“, кои ќе ги сочинуваат млади девојќи кои ќе бидат подготвени да го забавуваат.
Ваква група имало и во време на владеењето на неговиот татко Ким Џонг Ил, а тие жени лично ги бирале луѓето кои биле лојални на тогашниот лидер.
По смртта на својот татко, во декември 2011 година, Ким ја расформирал групата, но сега сепак одлучил да го „крене од пепел“ овој извор на забава кој важи за традиција на севернокорејските лидери.
-Откако дојде на власт Ким не веруваше никому и нареди да ги проверат сите официјални лица – изјавил за британски „Телеграф“, Тошимицу Шигемура, професор на токискиот универзитет Васеда.
Бидејќи процесот на проверка завршил, како и тригодишната официјална тага поради смртта на Кин Џонг Ил, малдиот лидер е подготвен да избере нова генерација жени кои ќе му бидат при рака.
Жените кои го забавувале неговиот татко, знаеле многу тајни и пред да бидат пуштени дома, наредено им е дека не смеат да откриваат информации- рекол професорот.
Според наводите жените кои биле вработени во оваа група, добивале по 4.000 долари и техника за домаќинство. Девојките биле на возраст од 13 или 14 години, а регрутерите на нивните родители им зборувале дека тие се изберени за владини мисии.
Родителите секако не смееле да речат ништо иако претпоставувале што ќе се случи со нивните ќерки. Тие биле сместувани во вилата на лидерот и често му биле на услуга. Повеќето од нив се „пензионирале“ на дваесетгодишна возраст па се омажиле за воените офицери кои биле во потрага по невести.
Инаку сегашниот лидер Ким Џонг Ун е оженет со Ри Сол Џу, поранешна пејачка во еден оркестар и имаат една ќерка.
Е.Г.