Грчките телевизии ќе треба да платат 40 милиони заостанат данок

Од:

Од грчките телевизии ќе биде побарано да платат повеќе од 40 милиони евра заостанат данок, соопшти Владата во Атина.

Кабинетот на Ципрас планира да побара од ТВ станиците да платат два проценти данок на нивниот промет кој не е собран од 2011 година, јави дописникот на МИА од Атина. Ова значи дека Владата ќе треба да собере вкупно од 24,1 милиони евра од бесплатните канали и 16,6 милиони евра од телевизиите за кои граѓаните плаќаат да ги гледаат.

Телевизиите сепак сметаат дека тие не треба да го платат овој износ со оглед на тоа што политичките партии во текот на последните неколку години ја искористиле предноста на законот од 2002 година да емитуваат реклами на телевизија бесплатно, што, според нив, значи дека даночните давачки се пребиваат со тоа бесплатно емитување.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит