Грција има пари за до 12 мај

Од:

Грчките финансиски резереви се поголеми од она што досега се мислеше, објави германскиот весник „Зидојче цајтунг“, нагласувајќи дека според извори од преговорите меѓу Атина и ЕУ, Грција може да остане платежно способна до 12 мај.

– Ваквите податоци во Брисел ги изнеле грчките преговарачи, наведува весникот, потсетувајќи дека досега се говореше дека 9 април е „денот по кој на Грција итно ќе и биде потребна дополнителна помош“.

„Зидојче Цајтинг“ нагласува дека за да добие дополнителни пари Атина мора да подготви „список на конкретни мерливи реформи“. – Меѓутоа, напорите во таа сфера напредуваат бавно, додава весникот.

Весникот „Велт“ пак оценува дека во Европа се повеќе се добива впечаток дека Атина сака да добие пари без да спроведе реформи.

– Меѓу Европејците преовладува стравување дека грчката Влада ќе ја искористи дополнителната помош за зголемување на платите, пензиите и социјалните трошоци, наведува весникот, додавајќи дека останува отворено прашањето дали и кога Грција ќе сака да ги врати парите што и беа позајмени.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит