Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена постапка против националните фудбалски сојузи на Грузија, Полска и Република Ирска поради инциденти на квалификациските средби за Европското првенство 2016.
Грузијците се дадени на дисциплинска поради упад на нивните навивачи на терен за време на натпреварот со Германија.
Полските навивачи палеле факели на дуелот со Република Ирска во Даблин.
Селекцијата на Република Ирска е обвинета за непристојно однесување поради тоа што фудбалерите на оваа репрезентација заработија пет жолти картони на средбата со Полска.