Членовите на наставничкиот пленум реагираат на информацијата дека раководството на СДСМ ќе оствари средба со нивни претставници.
„Веќе истакнавме дека ние сме неполитичко здружение. Доколку некој член на НП е член и во некоја партија, тоа е негово демократско право, но НИКАКО нема да оствари средба со ниту една партија во име на Наставничкиот пленум. Категорично ја демантираме оваа објава. Воедно се обраќаме до сите партии во иднина да не го користат Наставничкиот пленум во нивните цели и до сите портали да не објавуваат вакви непроверени вести. Ниту еден од наведените портали не не контактирал за да ја потврди оваа информација. Повторуваме, ние НИКОГАШ нема да учествуваме во политички активности на било која партија“, велат оттаму.