Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 19 сообраќајни незгоди.
Од нив, пет се со последица материјална штета и 13 се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, шест сопатници, четири пешаци и еден велосипедист.
Се случила и една незгода со последица смрт. Истата се случила во 20 часот и 5 минути на бул. „Кочо Рацин“, во близина на Олимпискиот базен, во која учествувал мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски таблички и пешак, роден 1939 година, граѓанин на Скопје. Како последица на незгодата на повредите на лице место им подлегнал пешакот, а возачот на мотоцикл и сопатникот се здобиле со телесни повреди. Од страна на увидна екипа од СВР Скопје предводена од јавен обвинител извршен е увид на лице место и по наредба на обвинителот преземени се понатамошни мерки со цел утврдување на околностите кои довеле до незгодата.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 23 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, осум возачи кои поминале на црвено светло на семафорите, девет возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и 15 возачи кои го управувале возилото со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 53 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
По повод 1. Април – Денот на шегата, со почеток во 12 часот пред порта „Македонија“ ќе се одржи традиционалната манифестацијаза најмладите – децата од градинките и од училиштата „Скопје се смее“, а во 21 часот, на истото место, манифестацијата ќе продолжи за повозрасните граѓани. Исто така, пред Собранието на Република Македонија во 12 часот ќе се одржи протестен марш во организација на учениците од средните училишта. Маршот ќе продолжи пред Владата, а ќе заврши пред зградата на Министерството за образование и наука. За време на одржување на овие настани од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за соодветно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.