Лицето кое настрада во сообраќајката кај Олимписки базен е 79-годишниот Б.С., кој на лице место им подлегнал на повредите.
Несреќата се случила околу 20 часот на булеварот „Кочо Рацин“ кај Олимпискиот базен во Центар. Возачот и совозачот се полесно повредени.
Со мотоциклот управувал 18 годишниот Е.Б., кој е пренесен во Ургентниот центар, додека совозачот М.У. е пренесен во Градската болница.