Усогласен Колективниот договор за вработените во железница, добиваат максимални коефициенти

Од:

Колективниот договор за вработените во Македонски железници – Транспорт е подготвен и до крајот на неделата треба да го потпишат раководството и репрезентативните синдикати. Текстот е усогласен и ги содржи барањата на вработените што ги упатија пред еден месец за колективниот договор и исплата на плата.

Генералниот директор на МЖ-Транспорт Никола Костов информира дека текстот е усогласен со Општиот колективен договор и ги нуди максималните коефициенти за вработени во однос на прекувремената работа, работа на празник и ноќниот труд.

Костов појаснува дека со новиот колективен договор тие ќе добијат коефициенти како и другите вработени во јавниот сектор и оти доколку има промена во Општиот колективен договор ќе има промена и за вработените во Железницата.

– Еден дел од машиновозачите бараат зголемување на коефициентите над дозволените во Општиот колективен договор и ние тоа не можеме да го направиме бидејќи не смееме да одиме надвор од овие рамки и надвор од законите, истакна Костов за барањата на Независниот синдикат на машинскиот персонал кој е еден од трите синдикати на машиновозачи и брои 62 члена, а кој најавуваше дека нема да ги извршува професионалните задачи поради неисполнување на нивните барања за повисоки коефициенти.

Максималните коефициенти кои се дадени со Општиот колективен договор и кои ќе ги добијат вработените се 40 проценти за ноќна работа, работа во недела 35 проценти и за прекувремена работа и работа на празник 29 проценти.

Директорот Костов посочи дека нема доцнење во исплата на платата, која од јануари е зголемена за 4 отсто и кај машиновозачите изнесува 36.000 денари.

Колективниот договор ќе го потпишат Синдикатот на вработени на подружница на влеча на возови и Синдикална организација на железничарите при МЖ Транспорт кои имаат најголемо членство.

На средината на минатиот месец машиновозачите го прекинаа товарниот и патничкиот сообраќај, по што добија ветување за почеток на преговори и исполнување на барањата.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска