Општина Центар: Граѓаните се жалат на неподносливата миризба и узурпацијата на просторот од Гиро Беко

Од:

„Граѓаните кои живеат во околината на полициската станица „Беко“ се жалат на неподносливата миризба и узурпацијата од страна на сендвичарата „Гиро Беко“.

Револтирани од ситуацијата се и припадниците на МВР од ПС „Беко“ и околните продавници и локали“, соопштуваат од Општина Центар.

giroBeko1

„Инспекција на општина Центар, по пријавите изврши увид на состојбата и констатираше дека „Гиро Беко“ ги има затворено пасажите и поставено урбана опрема во и надвор од пасажот, без дозвола.

„Гиро Беко“ нема ниту дозвола за оџакот, а силната миризба им пречи на станарите. Сендвичарата нема изготвено ниту елаборат за заштита на животната средина.

Инспекција на општина Центар ќе донесе решение за отстранување на неправилно поставената опрема и оџакот на сендвичарата „Гиро Беко“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски