ФОТО: Груевски и Јанакиески не се соочија со жителите кај Автомакедонија

Од:

Зошто не смогнаа сили и да го слушнат нашето „не“ за барокна катна гаража кај Автомакедонија? Вака прашуваа жителите на околните згради. Премиерот Никола Груевски, министерот Миле Јанакиески и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, иако уредно поканети, не дојдоа на закажаната средба.

Од повиканите дојде градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

automakedonija-ziteli (4)

Тој потсети дека цели две години, заедно со граѓаните ја бијат битката да не се гради барокна катна гаража на тој простор, бидејќи тоа ќе им ја упропасти живеачката, а и на стотина метри има гаража која е неискористена.

„ 21 инспекција дојде во општината само за овој случај, и се со цел да не притискаат да издадеме решение за почеток на градба на гаражата. Гласот и вољата на граѓанинот мора да се слуша. Овој собир и вашето присуство ќе ги замисли и ќе ги спречи да одат до крај. Ќе опстоиме“, им вети Жерновски.

automakedonija-ziteli (3)

Кочо Стојчески, раководител на инспекција во општина Центар појасни дека инвеститорот Никофон нема правосилно решение за градење, бидејќи градоначалникот Жерновски, на барање на жителите донел решение за повторување на постапката.

„Се бориме за нешто што е праведно.Се бориме како Давид и Голијат, зошто државата се бори со сета сила да ги завршиме решенијата за отпочнување на градбата. Груевски и Јанакиески немаат образ да дојдат и да ве погледнат во очи“, рече Стојчески.

automakedonija-ziteli (1)

Граѓаните поднесоа кривични пријави за злоупотреба на службена должност против правобранителот, поранешниот градоначалник Тодоровиќ и против Миле Јанакиески.

Предложија и да соберат 120.000 евра за да го исплатат инвеститорот, кој за таа сума го купил, како што рекоа местото кое злато вреди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар