Џихадистите имаат стравотни казни за децата

Од:

Членови на едно семејство кое успеало да побегне од градот Мосул, кој што е под контрола на Исламска држава, откриваат дека екстремистите покрај тоа што им ги сечат рацете на возрасните лица, кои што се осомничени за грабеж, истото тоа им го прават и на децата.

-Вчера четири деца на возраст од 12, 13 и шеснаесет години останаа без раце. Едното од нив украло играчка птица, а другите електричен кабел- пишува во пораката која нивната ќерка ја добила од пријателите кои останале во градот.

Нејзиниот брат тврди дека постои видео запис на кој се гледа како исламски милитант убива тинејџер, кој украл храна, бидејќи бил гладен и покрај тоа што неговиот татко го моли за животот на своето дете.

-Украл нешто. Само сакал да јаде – вели тој.

Инаку според наводите на медиумите, мајката раскажала дека жените кои ќе извршат прељуба ги казнуваат со сечење на косата, каменување, повредување со ножеви како и егзекуција. Кај родителите кои се принудени да ги чуваат децата во вакви услови, постои страв од силување од џихадистите како и од принуден брак.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак