Партијата на Чамите влегува во албанската Влада

Од:

Партијата на Чамите, Партија за правда, интеграција и единство, чиј лидер е Шпетим Идризи го финализираше договорот со владејачката Социјалистичка партија и станува дел од албанската владина коалција, јави дописникот на МИА од Тирана.

Со договорот на кој свои потписи ставија Идризи и Еди Рама, по четирисет минутната средба вчера доцна попладне, партиите договорија заедно да настапат и на локалните избори закажани за 21 јуни годинава.

– Партијата за правда, интеграција и единство е многу значаен партнер. Засега нема конкретни имиња, но оваа партија ќе има свои кандидати каде што влијанието на партијата е поголемо, изјави Рама.

Идризи оцени дека соработката со Социјалистичката партија е  програмирана и за да се зголеми застапеноста на партијата во инститциите.

Засега точно не се знаат функциите кои ќе ги добие оваа партија во бласта.

Кон оваа изборна коалиција се приклучи и партијата на Илир Мета, Движење за социјалистичка интеграција, додека партиите, на поранешниот шеф на дипломатијата Паскал Миљо и екс претседателот на парламентот Скендер Ѓонуши, кои беа дел од изборната коалиција од претходните ибори се надвор од коалицијата. Според медиумите, наместо ним, Рама  и понудил соработка за локалните избори на партијата на поранешнот шеф на државата, Бамир Топи.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата