Кинеските инвестиции во економиите на други земји до 2020 година ќе достигне ниво од 500 милијарди долари, најави кинескиот претседател Си Џинпинг.
– Кинеската економија премина во нова фаза на развој од што полза ќе имаат сите земји, изјави Си.
Како што јави Би-Би-Си, кинескиот Државен комитет за развој и реформи прогнозира дека во 2015 година обемот на дирекните кинески инвестиции во економиите на други држави на годишно ниво ќе се зголеми за 10 отсто, на 113 милијарди долари.
– Кинеската економија ги поседува неопходните потенцијали и ефикасност. Кинеската економија не треба да се проценува само според стапката на раст, потенција Си.