ЕУ „притиска“ врз Бугарија да направи многу повеќе во борбата со корупцијата

Од:

ЕУ врши силен притисок врз Бугарија да направи многу повеќе во борбата со корупцијата во земјата, како и со организираниот криминал, пишуваат британските медиуми повикувајќи се на извори во Брисел.

Во својот последен извештај, на почетокот од оваа година, Европската Комисија ја предупреди владата во Софија дека мора да работи поенергично за да се елиминира „статусот“ што Бугарија го има, како една од „најкорумпираните“ земји-членки на ЕУ, поради што бугарскиот правосуден систем е ставен под специјален надзор на Унијата, уште од 1 јануари 2007 година, кога оваа балканска земја влезе во ЕУ.

Според британските медиуми, јануарскиот извештај на Европската Комисија за Бугарија, во кој се инсистира на „натамошна работа за менување на состојбите„ предизвикал политички бранувања во земјата.
Партиите од владината коалиција, предводена од ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, обелоденија дека имаат различни гледања околу брзината во спроведувањето на „промените„ за кои притиска ЕУ,па во текот на една недела дури петмина високи функционери на бугарската „тајна слуќба„ поднесоа оставки или беа сменети на други пониски функции,а беше именуван и нов министер за внатрешни работи.

Коалиционата влада, предводена од ГЕРБ и реформистите, зависи од поддршката на десничарскиот Патриотски фронт и на левичарската алтернатива,па тоа создава сложена ситуација при решавањето на горливите прашања,како што е борбата со корупцијата.

Таквата политичка атмосфера, се верува дека се одразува врз работата на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС),која е создадена во 2008 година,со спојувањето на двете претходни безбедносни агенции.Нејзината основна цел требаше да биде борбата со корупцијата и со тероризмот.

Но, по серијата скандали во кои се најде ДАНС, со откриеното прислушување и со погрешните именувања на фунцкционери, владата на два пати мораше да интервенира, правејќи „чистки“ во службата.Тоа не помогна за добивање повисоки оценки од Брисел, од каде и понатаму се предупредува дека сите досегашни резултати се „разочарувачки“. Главната причина за тоа е што во Бугарија нема напредок во бррбата со корупцијата, онака како што тоа е направено во Романија.

Овие две соседни балкански земји, уште од почетокот на нивното приближување кон ЕУ, а и по зачленувањето се посочуваат како најпроблематични, кога станува збор за корупцијата ,но за владата во Букурешт се вели дека романските власти бележат резултатите во својата антикорупциска кампања во која изминатите месеци се осудени или казнети низа поранешни државни функционери.

Бугарските реформисти кои се партнери во владата, сега вршат притисок врз премиерот Борисов да го прифати „романскиот модел“-со создавање независен државен антикорупциски директорат, како решение кое ќе помогне за покренување на работите во пресметката со корупцијата.

Британските медиуми, кои последниве месеци посебно се занимаваат со состојбите во овие две земји од Балканот, стравувајќи од напливот на бугарски и романски имигранти во Велика Британија сметаат дека именувањето на Румјана Бачварова за нов министер за внатрешни работи  навестува дека владата на Борисов сака да ја смири состојбата во коалицијата, но и да ги тргне сите „стари кадри“ од безбедносниот сектор, за кои се верува дека ја кочат борбата со корупцијата.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен