„Руле турс“ ќе стопанисува уште 15 години со Автобуската станица Скопје

Од:

Компанијата „Руле турс“ и во наредните 15 години  ќе стопанисува со Автобуската станица Скопје.

На денешното усно јавно наддавање за закуп и стопанисување со Скопската автобуска, што се одржа во просториите на Град Скопје, досегашниот концесионер „Руле турс“ понуди највисока понуда, 213 милиони денари, плус ДДВ. Вкупната постигната цена изнесува над 4 милиони евра.

На јавното наддавање учествуваа и компаниите „Вардар експрес“ и СИЗ за патен сообраќај (Македонија сообраќај – АМЕРИТ) Скопје.

 Од Град Скопје  соопштуваат дека за јавното наддавање биле заинтересирани 7 компании од кои 5 ги исполнија условите. До денот на јавното наддавање, од овие пет компании, гарантен депозит што беше услов за учество во усното јавно наддавање доставиле 3 компании.

Би можело да ве интересира

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Маја Илиевска-Пачемска

Казнета фирмата „Ројал Травел“ која без лиценца и без дозвола превезувала патници

Катерина Ѓуровски

„Помолете се пред да го поминете“, мостот Пресека на патот Кичево – Охрид во очајна состојба

А1он