Дваесет и пет лица се хоспитализирани заради набљудување и лекување од полесни повреди, откако авион Ербас А320 на „Ер Канада“ излета од пистата, порадо невреме на аеродромот Халифакс.
Според првичните информации на летот АЦ624 од Торонто имало 132 патници и петмина членови на екипажот.
Портпаролот на аеродромот изјави дека авионот слетал тешко и оти излетал од пистата поради бурата и снежните врнежи.