Сенатор побара објаснување од грчкиот министер Каменос за неговата закана дека ќе ја преплави Европа со бегалци и исламисти

Од:

Американскиот сенатор Ден Коатс го попречи објавувањето на традиционалната честитка на американскиот Сенат до грчкиот народ, по повод нивниот ден на независноста. Причината за ваквиот невообичаеан чекор на Коатс беше изјавата на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, дека, доколку Европа не продолжи да и дава пари на банкротираната Грција, тогаш Грција ќе ги отвори портите и ќе ја преплави Европа со исламисти.

Сенаторот Коатс упати барање до грчкиот амбасадор во САД Христос Панагопулос, да ја објасни изјавата на контроверзниот министер за одбрана, кој воедно е лидер на националистичката партија Независни Грци и е познат по заканувачките пораки кои ги упаќа до грчките соседи и етнички малцинства.

“Со неговата изјава, министерот Каменос се заканува на безбедноста на држави кои се сојузници на Грција. А бидејќи лицата кои имаат патни документи издадени од Европската Унија можат лесно да патуваат и во САД, заканата на министерот се однесува и на американските безбедносни интереси”, сенаторот Коатс изјави кога најави дека нема да дозовли Сенатот да упати честитка до грќкиот народ додека не добие соодветно објаснување. Сенаторот Коатс ги цитираше зборовите на министерот Каменос дека: “Ако Европа не остави сами во кризата, ние ќе ја преплавиме со имигранти, а дотолку полошо за Берлин ако во бранот од милиони економски имигранти има и некои исламисти од Исламската држава на Ирак и Сирија”.

Амбасадорот Панагопулос, на барање на сенаторот Коатс, му доставил појаснување на изјавата на министерот Каменос која предизвика бурни реакции и во Европа. Грција е една од првите земји во Европа во кои доаѓаат бегалците од Сирија, Авганистан и другите држави од Блискиот Исток кои се соочуваат со граѓанска војна, а грчката Влада неодамна најави дека ќе ги затвори камповите во кои ги чува бегалците кои ќе ги фатат грчките безбедносни служби.

“Амбасадорот Коатс ми појасни дека Грција ќе продолжи да соработува со своите европски партнери, преку Шенген зоната, и ќе ја обезбедува заедничката граница на ЕУ, ќе се справува со напливот на имигранти и азиланти согласно европските регулативи и меѓународното право. По ова појаснување, решив да ја повлечам мојата одлука да го запрам упатувањето на честитката до Грција по повод нејзиниот Ден на независноста”, изјави сенаторот Коатс.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит