Романските истражители во рамки на истрагата против поранешниот министер за финансии Даријус Валцов, заплениле повеќе од 100 уметнички слики, меѓу кои и дела на Пабло Пикасо и Енди Ворхол. Валцов во тек на месецов поднесе оставка поради обвиненија за корупција.
Обвинителството го обвини за малверзации и фаворизирање на одредени компании во врска со договори за јавни работи за што примил два милиони евра.
Како што пренесе „Франс прес“ тој се терети дека на незаконски начин остварил приход, бидејќи во неговиот сеф биле пронајдени златни полуги, пари и слики.
Валцов ја негира вината, а обвинителстовото наведува дека во тек на претресот на повеќе локации во Букурешт и во други места се пронајдени 101 слики.
Е.Г.