Посетителите на изложбениот простор на „Мерцедес“ во третата хала на белградскиот Саем, можат да видат три ексклузивни премиери – на моделите „АМГ ГТ“, „Мерцедес Мајбах С“ и „С63 AМГ Купе“, од кои последниот модел веќе си најде нов купувач.
Еден од најсофистицираните и најелегантни модели на годинешниот саем е продаден за 216.193 евра. Во прашање е најмоќната „AMG“ верзија на „Купе С класа“, која беше лансирана во септември 2014 година.
Автомобилот е опремен со 5.5-литарски V8 би-турбо мотор со 585 кс (430kW) што произведува дури 900 Nm максимален вртежен момент.
Саемскиот примерок е опремен со „4MATIC“ погон на сите четири тркала, па оваа верзија од 0 до 100 километри на час забрзува за само 3,9 секунди.
Основниот модел има цена од 175.944 евра, а другите 40.000 ја прават дополнителната опрема на автомобилот.
Во прилог нај богатата стандардна опрема, меѓу додатоците се вклучуваат и електронскиот систем за спречување од превртување на возилото, предни седишта со греење и ладење, „Head -up“ дисплеј, систем за следење на притисок во гумите, камера за паркирање која покрива 360 степени и систем за препознавање на сообраќајните знаци.
ПВо опремата се уште и 20-инчен десеткраките мат црни AMГ тркала, клештата за кочење во црвена боја, LED Intelligent Light System со кристали од Сваровски и камера за ноќно возење, Burmester „surround“ аудио систем, ДВД плеер, Anti-theft alarm sistem (АТА).