Грција го подготви пакетот реформи што треба да се испратат во Брисел

Од:

Грчката левичарска Влада денеска соопшти дека го подготвила списокот со економски реформи, што ги бараат кредиторите, и тој до крајот на денот ќе биде испратен во Брисел, пренесе ДПА.

Парламентарецот од владејачката партија СИРИЗА, Никос Филис за ДПА соопшти дека делегација на Министерството за финансии пред таканаречената Бриселска група од претставници на кредиторите ќе го претстави списокот со 18 реформи.

Филис изјави дека Владата во текот на 2015 година планира да добие 3,5 милијарди евра од овие реформски мерки. Во наведените мерки се вклучени борбата со избегнување даноци, издавање лиценци на медиумите во земјата, за онлајн игри на среќа и за зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ).

Грчката Влада се надева дека реформите ќе го означат крајот на разликите меѓу Грција и кредиторите во однос на условите според кои Атина може да добие финансиски средства, што ќе ја спасат од банкрот и евентуално излегување од еврозоната.

Откако Атина ќе го претстави списокот со реформи, тој ќе биде разгледан од кредиторите и од работна група на Еврогрупата, пред да се утврди од министрите за финансии од еврозоната. Процесот на разгледување се очекува да заврши за најмалку 24 часа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит