Репрезентациите на Словачка и на Англија на вечерашните дуели од 5. коло од квалификациите за ЕУРО 2016 ќе се обидат да ја продолжат серијата победи во своите групи.
Тие досега имаат максимален учинок бидејќи на четирите натпревари постигнаа по четири победи. Словачка во Жилина ја пречекува селекцијата на Луксембург, додека Англија е домаќин на Литванија.
Вечерва се играат девет натпревари во три квалификациски групи и почетокот на сите натпревари е во 20:45 часот.
Група Ц: Македонија – Белорусија, Словачка – Луксембург и Шпанија – Украина .
Табела: Словачка 12 бода, Шпанија 9, Украина 9, Македонија 3, Белорусија 1, Луксембург 1.
Група Е: Англија – Литванија, Словенија – Сан Марино, Швајцарија – Естонија.
Табела: Англија 12, Словенија 6, Швајцарија 6, Литванија 6, Естонија 4, Сан Марино 1.
Група Г: Лихтенштајн – Австрија, Молдавија – Шведска, Црна Гора – Русија.
Табела: Австрија 10, Шведска 6, Русија 5, Црна Гора 5, Лихтенштајн 4, Молдавија 1.