Центар за дијабетес во поликлиниката Бит Пазар

Од:

Во поликлиниката Бит Пазар во рамки на Здравствен дом Скопје, од минатиот месец е отворен нов Центар за дијабетес, во кој досега се реализирани вкупно 519 прегледи. Центарот работи секој ден од 7:30 до 14:30 часот.

Според податоците од системот МојТермин, изминатата година се прегледани вкупно 15.236 пациенти во центрите за дијабетес во поликлиниките „Букурешт“ и „Јане Сандански“, при Здравствен дом Скопје. Со оглед на големиот број реализирани прегледи, Здравствен дом Скопје ја прошири оваа дејност со отворање нов Центар за дијабетес во поликлиниката Бит Пазар.

За потребите на Центарот, соопшти Здравствен дом Скопје, во поликлиниката Бит Пазар е адаптиран и уреден соодветен простор, а со цел доусовршување на кадарот, спроведена е доедукација на доктор-специјалист по интерна медицина во Ново Место, Република Словенија и на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот.

На овој начин, како што се наведува, се овозможи растоварување на постојните два центри, имајќи предвид дека кон новиот Центар за дијабетес гравитираат пациенти од општините Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари.

Воедно, покрај инсулинската терапија која досега пациентите можеа да ја подигнат во инсулинската аптека во оваа поликлиника, во Центарот за дијабетес пациентите добиваат комплетна здравствена услуга.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада