Телефонски разговори на Рохани со лидерите на Франција, на Русија и на Велика Британија

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани во телефонските разговори со претседателот на Франција и на Русија разговараше за иранската нуклеарна програма.

Рохани во разговорот со Франсоа Оланд апелирал за трајни, силни и обврзни проверки на договорот за иранската нуклеарна програма.

Оланд истакнал дека Иран има законски права да користи нуклеарна енергија за мирнодопски цели.

Како што соопшти Елисејската палата, францускиот претседател истакна дека е неопходно да се работи за постигнување на трајни и обврзни проверки со кои ќе се гарантира дека Иран нема да има пристап до нуклеарно оружје.

Рохани во телефонскиот разговор со Владимир Путин изрази надеж дека преговорите во Лозана за иранската нуклеарна програма ќе ќе завршат со успех.

Иранскиот и рускиот претседател разговарале и за состојбата во Јемен, при што Путин ја потенцирал неопходноста од итбо запирање на воените дејствија и изнаоѓање на мировни решенија на конфликтот.

Рохани разговараше и со британскиот премиер Дејвид Камерон. Двајцата лидери изразиле увереност дека е можно до крајот на март да се договори политичка рамка на договорот за иранската нуклеарна програма. Камерон истакна дека Иран треба да ја убеди меѓународната заедници за целите на иранската нукеларна програма.

Би можело да ве интересира

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

ВИДЕО: Откажани се летовите од аеродромите во Иран

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ