Албанскиот Парламент им го одзеде имунитетот на двајца пратеници за да бидат уапсени

Од:

Албанските пратеници денеска гласаа за укинување на парламентарниот имунитет на двајца пратеници кои го обвинија претседателот на Собранието, Илир Мета, дека планирал убиство на еден од нив, отворајќи го патот за нивно апсење кое го побара обвинителството заради „лажни изјави“.

Како што пренесува агенцијата Фена, имунитетот им е одземен на пратеникот Том Дочи, кој на почетокот на март беше избркан од групата на социјалистите во Парламентот, и на Марк Фроку, член на малата демохистијанска партија, која е сојузник на левицата на власт, пренесува Фена.

Дочи го обвини претседателот на Собранието дека „планирал“ негово убиство и убиство на уште еден пратеник од Демократската партија.

Обвинителството во петокот побара од Парламентот да го укине парламентарниот имунитет на двајцаата пратеници за да може да се отвори патот за нивно апсење.

-Нема ниту еден конкретен доказ за можно планирање обид за убиство, а истрагата покажа дека оваа приказна ја монтирале Том Дочи и Марк Фроку, наведе обвинителството во забелешката што во петокот беше упатена до Парламентот.

Обвинителството ги сомничи двајцата пратеници за „лажни сведочења и изјави и за закани“.

Тие можат да добијат казна до пет години затвор.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата