„Мерцедес“ ги објави фотографиите и техничките детали на освежената „М“ класа, која од 2015 година ќе ја носи новата ознака „GLЕ“.
Покрај козметичките промени, најважните новини се однесуваат на моторот што е побогат за „Plug-In“ хибриден погонски систем.
Германскиот производител го унапреди својот SUV, како во визуелен, така и во технолошки поглед, а новата номенклатура диктира и измени на регистарските таблички на возилото.
Во однос на актуелната „М“ класа, „Мерцедес ГЛЕ“ ги презема стилските елементи од моделот „ГЛЕ Купе’ ( ривалот на „БМВ X6“), пред се во предниот дел на автомобилот.
Светлата, маската на ладилникот и предниот браник се моделирани според купе верзијата, додека силуетата остана непроменета.
Промените се значително подискретни одзади, каде има благо редизајнирање на стоп светлата и браникот, а рестилизација на надворешноста со нови алуминиумски фелни.
„Мерцедес“ внесе новини и во ентериерот, што најмногу се забележува на централната конзола. Тука сега има нов седуминчен екран на мултимедијалниот систем, делумно одделен на врвот од конзолата, а редизајнирани се и голем број команди на контролната табла.
На купувачите на располагање им се и новите нијанси на бои и материјали за седиштата.
Најзначајните промени се случија под хаубата. За првпат во еден СУВ модел „Мерцедес“ ја вклучи понудата „Plug-In“ во хибридна верзија, !„ГЛЕ 500e 4МАТИК“.
Хибридниот погонски систем се состои од 3.0-литарски bi-turbo V6 бензинец со 333 кс и електромотор што произведува 116 кс. Вкупната комбинирана сила достигнува 442 „коњи“, а најголем вртежен момент од 650 Nm.
За пренос на електричната енергија на сите четири тркала се вклучува автоматски седумбрзински 7G-tronic, а на возачот достапни му се четири модни форми: „ Hybrid“, „E-Mode“, „E-Save“ и „Charge“.
Во чисто електричниот начин на возење („E- Mode“), „Мерцедес ГЛЕ 500e“ може да мине до 30 км, со брзина до 130 км/ч.
Според фабричките податоци, просечната потрошувачка може да се намали на три литри на 100 километри.
Со воведување на „Plug-In“ хибридот кај СУВ-от, „Мерцедес“ фаќа чекор со другите премиум производители кои тоа го направиле пред него, како што се „Волво XC90“. Освен хибрид, во понудата се и дизел моторите ГЛЕ 250д со 2.0-литарскиот четирицолиндраш што произведува 258 кс, како бензинските мотори, „ГЛЕ 400“ на споменатите V6 мотори со 333 кс и „ГЛЕ 500“ што под хаубата има моќен bi-turbo V8 со 435 кс.
Како и досега, на самиот врв на АМГ верзијата, „Мерцедес ГЛЕ 63 АМГ“ развива 557 кс, а најмоќниот „ГЛЕ 63 AМГ S“ произведува 585 кс.
„Мерцедес ГЛЕ“ светска премиера ќе има на претстојниот авто-салон во Њујорк на 1 април.