Штипскиот универзитет почна со одбележување на патрониот празник

Од:

Универзитетот „Гоце Делчев“ почна со одбележување на патрониот празник, а по тој повод денеска беа промовирани истражувачките проекти кои се финансираат преку Фондот за наука од страна на самиот универзитет и издавачката дејност.

Ректорот на УГД-Штип, Саша Митрев истакна дека преку Фондот за научна истражувачка работа се финансираат 56 проекти на универзитетските професори од сите факултети.

– Имаме повеќе од 140 изданија во издавачаката дејност кои оваа година станаа дел од електронската библиотека која што на некој начин е уникатна библиотека во Република Македонија, затоа што сите изданија кои што постојат во универзитетот се дигитализирани се достапни на студентите во електронска форма. Потребно е да се нагласи дека сето тоа го правиме за студентите без финансиска надокнада, рече Митрев.

Тој додаде дека од оваа година Електронската библиотека ќе биде отворена и за сите граѓани, професори и студенти со минимална фиансиска надокнада, новина е и што од оваа година се воведува и Фонд за мобилност, односно штипскиот Универзитет ќе помогне на своите доценти и асистенти.

– Ние предвидовме средства само за нив значи неможе некој друг да ги користи, со цел да бидат мобилни како што и кажува и самиот фонд, да ги користат средствата, да патуваат на семинари, конгреси, советувања, различни работилници, да учествуваат во стручни претстои а кои што средства ќе ги обезбеди универзитетот, вели Митрев.

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на штипскиот универзитет „Гоце Делчев беа промовирани и четири нови доктори на науки, а на Факултетот за образовни науки и превод на книгите „Педагогија – теорија на оспособување“ во превод на проф. д-р Емилија Петрова-Ѓорѓева, а втората книга е „Основи на методологија на истражување“ преведена од проф. д-р Снежана Јованова-Митковска. Книгите се на хрватскиот универзитетски професор Јосип Милат, кој денеска беше во Штип и истакна дека неговите книги ги преведуваат и западно-европските земји.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово