Спречен шверц на 2 килограма хероин на ГП „Богородица“

Од:

На граничниот премин Богородица вчера при контрола на автобус се откриени два килограма хероин за чиј шверц се осомничени македонските државјани Д.Џ. (39) и А.Д. (51). Дрогата ја набавиле во Истабул и сакале преку Македонија да ја транспортираат во Швајцарија.

Против осомничените е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и им е одреден 30 дневен притвор.

Царинската управа денеска соопшти дека  вчера во 4:30 часот на ГП „Богородица“ за влез во државава е пријавен автобус сопственост на турската превозна компанија „Јадран туризам“ со турски регистарски ознаки кој сообраќа на редовна линија Истанбул – Струга, со 43 патници. При детална контрола на автобусот во багажниот простор во црна патна торба со дупло дно, царинските службеници пронашле 4 црни кеси обвиткани со селотејп, наполнети со кафеава прашкаста материја со вкупна тежина од околу 2  килограми, за која со тестер за наркотици „НИК“ е утврдено дека е хероин. Никој од патниците не се јавил како сопственик на торбата.

По преземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа, во координација со Основното јавно обвинителство – Велес, веднаш се преземени активности за пронаоѓање на сопственикот на дрогата и за утврдување на сите факти и докази во врска со кривичното дело.

Од спроведените предистражни мерки, инспекторите откриле дека торбата со дрога им припаѓа на двајца македонски државјани со иницијали Д.Џ. (39) и А.Д. (51), кои по претходен договор и план за пренос на дрога, отпатувале во Истанбул каде набавиле околу два килограми хероин и имале намера прво да го пренесат во Македонија, а потоа да го транспортираат во Швајцарија каде требало да го продадат. Во Истанбул, Д.Џ. заедно со уште едно лице – турски државјанин ја спакувале дрогата и ја сместиле во црна патна торба со изработено дупло дно. Македонските државјани потоа со автобус заедно со дрогата тргнале кон Република Македонија, но на граничниот премин Богородица беа откриени од страна на царинските службеници, соопшти Царинската управа на Македонија.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ