Руската вселенска агенција наскоро ќе почне да испраќа туристи на Меѓународната вселенска станица и на тој начин ќе ги компензира парите што ќе ги изгуби кога американската Национална вселенска и аеронаутичка администрација (НАСА) ќе престане со финансирање на превозот на своите астронаути.
Русите и порано има вакви „туристички“ тури во периодот меѓу 2001 и 2009 година, но таа програма беше прекината кога во мисиите во Меѓународната вселенска станца се приклучи и НАСА со испраќање свои астронаути, па беше потребно повеќе места за ниц, објави британскиот весни „Индепендент“.
Но, програмата повторно ќе биде покрената за да се надоместат загубите, затоа што НАСА повеќе нема да ги испраќа своите астронаути во Вселената со руските ракети, туку со американски приватните летала.
Договорот што НАСА го има со Русија во вредност од 76 милиони долари, истекува кон крајот на 2017 година. Иако договорот може да биде обновен, Русите не очекуваат дека тоа ќе се случи.