Фернандо Алонсо од „Мекларен“ и Валтери Ботас од „Вилијамс“ добија дозвола од медицинските екипи да учествуваат на трката за Големата награда на Малезија планирана за викендот што следува.
Алонсо поради потрес на мозокот заработен на претсезонските тестирања во Барселона го пропушти стартот на сезоната означен со трката во Австралија, исто како и Ботас кој имаше проблем со повреда на грбот.
Шпанецот по несреќата во Барселона помина четири дена во болница, а по периодот на закрепнување успешно мина и тест на патеката по што подготвен се враќа во болидот.
И Ботас помина период на медицински третман, а за подобра подготовка за трките и со цел подобро да се аклиматизира на условите кои го чекаат во Малезија, Финецот отпатува во Индонезија, каде што работел со терапевт.
Главната трка викендот во Малезија од Шампионатот во Формула е ќе почне в недела во 9 часот по средноевропско време.