Иран ја осуди воената операција во Јемен, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.
Иранските официјални медиуми ја означија воено-воздушната кампања, започната од Саудиска Арабија и останатите арапски сунитски монархии од регионот на Персискиот Залив како „агресија поддржана од САД“.
Државната телевизија емитуваше кадри со урнатини, десетици тела и ранети лица.
– Многу јеменски граѓани беа убиени за време на агресијата во Јемен, поддржана од САД, се наведува во извештајот на телевизијата.
Иран демантира дека ги финансира и обучува шиитските бунтовници хути во Јемен, како што тврдат претставници на локалните власти и западните земји.