Во рамки на манифестацијата „Избор на најуспешни менаџерки во Република Македонија и дијаспората“ што ја организира Агенцијата „Марили“ вечер по 19. пат ќе бидат доделени признанија на 10 најуспешни жени менаџерки.
Добитнички на признанието за годинава се Мара Акимовска од „Ел Фарма“, Тања Анѓушева од Сшецијалната болница „Филип Втори“, Даниела дабеска од Резиденција Дабески, Кармен Михајловска од International Milionaire Team @ Herbalife, Елизабета Пановска од „Бета Медико“, Бранка Славеска од „Хајнекен“ – Хрватска, Олгица Спасевска од „Шпаркасе банка“, Анита Спасовска од „Бучен Козјак“, Оливера Стојановска од „Медикус“ и Љубица Џониќ од Аграр – плус ДООЕЛ.
Во рамки на манифестацијата вчера се одржа тематски ден посветен на тема „Здравјето и убавината во функција на современата жена“.