(ВИДЕО) СДСМ: Од нас зависи каква иднина ќе им обезбедиме на нашите деца

Од:

Од нас зависи каква држава ќе имаме и каква иднина ќе им обезбедиме на нашите деца. Оваа пролет носи силна енергија, што охрабрува и обединува во борбата против нелегитимната власт на Никола Груевски, рече Миле Милановиќ, член на Извршниот одбор на ОО СДСМ Струмица.

Новата пролет ја носи Вистината за Македонија.

Таа вистина откри со колку сурова власт си имаме работа ние граѓаните но го отвора и предизвикот цврсто и непоколебливо да се спротивставиме на 9 годишниот терор што `не води во пропаст и како луѓе и како држава.

Ги лажеле граѓаните. Се изживувале врз нив, противзаконски злупотребувајки ги државните инспекции за партиски и лични цели: за рекет, притисоци, уцени и закани за да владеат. Затворале дуќани, “ваделе за уши“ невини граѓани од Турското маало.

Слушнавме како во тие јалови обиди да ја задоволат болната желба за власт во Струмица на Никола Груевски и тесната група околу него, учествувале и пратениците, Силвана Бонева, Славе Гошев и Васил Пишев.

Ние во Струмица одамна им ги знаеме вистинските лица. И затоа ја добиваат заслужената казна на изборите. Груевски и неговите соработници немаат образ повеќе да се појават пред струмичани.

За нив, меѓутоа, нема повеќе место ниту на политичката сцена.

Тие ги злоупотребија позициите, поигрувајки си со народот и дрско ги погазија Уставот и законите.

Сакаме да најавиме дека ќе продолжиме да ја откриваме и да ја шириме Вистината за Македонија.

Алтернативата на овој режим е демократска и слободна Македонија, во којашто без исклучок ќе се почитуваат Уставот, законите, правата и достоинството на граѓаните.

Почитувани граѓани,

Ова се историски моменти. Ве повикуваме да се приклучите во испишувањето нови светли страници во историјата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците