Од 1 април намалени цени на 542 лека

Од:

Од 1 април се намалува цената на 542 генерички и оригинаторни лекови. Ова е седмото по ред намалување на цените на лековите, согласно Законот за лекови и медицинските помагала и Методологијата за начинот на формирање на цените на лековите.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека со оваа системска реформа на Владата и Министерството за здравство, која во континуитет ја спроведуваат, со досегашните шест намалувања на цените на лековите опфатиле околу 4.000 лекови, а остварената заштеда изнесува над 36 милиони евра.

Посочи дека целта е да се унапреди достапноста на лековите преку финансиско олеснување за граѓаните, а воедно се остварува заштеда во здравствениот систем и средствата се искористуваат за инвестиции во здравствениот систем.

– Најголемо процентуално намалување на максималната цена има кај следните генерики: Аторвастатин (лек за намалување на масти во крв) на кој цената му се намалува 76,83 отсто, Донепезил (лек за висок крвен притисок) 63,38 отсто, Рисперидон (лек за шизофренија) 58,05 отсто, Левофлоксацин (раствор за инфузија-антибиотик) 51,27 отсто, Диклофенак (антиревматик и аналгетик) 45,1 отсто, Доцетаксел (концентрат за раствор за инфузија-цитостатик) 31,5 отсто, рече Тодоров.

Нагласи дека најголемо процентуално намалување на максималната цена има кај следните оригинатори: Бонвива (раствор за инјектирање – лек кој делува на минерализација на коските) 59 отсто, Тритаце (АЦЕ инхибитор) 33 отсто, Плавикс (лек против згрутчување на крвта) 30 отсто, Кселода (цитостатик) 28 отсто, Липанор (лек за намалување масти) 22 отсто.

– Намалување на малопродажна цена има кај генеричките лекови: Јаснал (лек за Алцхајмерова болест) со разлика во цената од 61,86 отсто (старата малопродажна цена била 1979,63 денари, а новата изнесува 755.09 денари), што според годишната потрошувачка ќе овозможи годишна заштеда од околу 219.000 евра. Овој лек има годишна потрошувачка од 11.000 пакувања и на него се заштедуваат по 1.224 денари од пакување, нагласи Тодоров.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада