ФОТО: Од денеска општина Центар го решава проблемот на жителите од Тасино Чешмиче

Од:

Денеска, општина Центар ја започна комплетната рекоснтрукција на улицата „Новопроектирана 4“.

Gradezen zafat - Novoproektirana 4 (2)

„Почнува изградбата на нова канализација по сите утврдени стандарди. Ќе се става ново улично осветлување и улицата, заедно со тротоарите, ќе биде целосно асфалтирана.

Gradezen zafat - Novoproektirana 4 (5)

Со ова се решава горливиот проблем на жителите од Тасино Чешмиче, кои се жалеа дека од зградите кои не беа поврзани со канализација, при секој дожд течеа фекалии во долните куќи од улицата „Христо Чернопеев“, велат од Општина Центар.

Gradezen zafat - Novoproektirana 4 (3)

Минатата година, службите на општина Центар извршија дератизација и дезинфекција поради појава на глодари и разни инсекти и штетници во домовите, но проблемот со ова не беше решен.

Gradezen zafat - Novoproektirana 4 (4)

„По овој потфат, ќе се прават трите потпорни ѕидови на улицата „Христо Чернопеев“. Потпорниот ѕид кај градинката Кочо Рацин општината веќе започна да го гради“, соопштуваат од Општина Центар.

Gradezen zafat - Novoproektirana 4 (6)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар