Во Скопје 7 сообраќајки вчера, пајакот отстранил 62 возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди.

Од нив, две се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 25 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Четиринаесет возачи кои го користеле мобилниот телефон или не го користеле сигурносниот појас за време на управување со возилото, 12 возачи кои го управувале возилото со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола, како и пет возачи кои го управувале возилото со неисправни уреди, односно констатирана е неисправност на уредот за сопирање.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во ОУ „7 Март“ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир со учениците од второ одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он