Индија упати барање до Русија да и биде одобрен лизинг за втора атомска подморница. Њу Делхи може да добие руска подморница од класата „Кашалот“, изјави денеска за ТАСС висок претставник од системот за воено-техничка соработка меѓу Руската федерација и други држави.
– Во јануари годинава Индија побара да и биде одобрен лизинг за втора повеќенаменска нуклеарна подморница „Кашалот“, проект 971, што Москва се уште го разгледува, истакна рускиот извор.
Според изворот тоа може да се случи по истата постапка, по која Њу Делхи доби на лизинг во 2012 година подморница од класата „Нерпа“.