Шулц: Грција за една недела ќе постигне договор со еврозоната

Од:

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изрази очекување дека Грција во рок од една седмица ќе постигне договор со своите партнери од еврозоната, по што би ги добила парите кои и се итно потребни.

Грција вети дека до следниот понеделник ќе достави пакет предлози со реформи за својата слаба економија, во обид да добие помош од своите кредитори и да избегне неплаќање на долгот за што експертите стравуваат дека може да доведе до излез од еврозоната.

– Мислам дека до крајот на оваа недела ќе биде постигнат нов договор кој ќе биде доволен за да се доделат најитните финанси, рече Шулц за италијанскиот весник „Ла Република“.

Според него, на Грција потоа ќе и требаат „не повеќе од три месеци“ за да претстави „веродостоен, детален и дефинитивен“ план.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен